Мени
Продавница
00

Cart

ПочетнаПолитика на приватност

Политика на приватност

Политика на приватност

1. Вовед

АЛПЕ ТЕХНА ја почитува вашата приватност и ги заштитува вашите лични податоци согласно законските прописи. Оваа политика ја опишува начинот на кој ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

2. Собирање на лични податоци

АЛПЕ ТЕХНА собира и обработува ваши лични податоци кога се регистрирате за нашите производи и услуги, кога се регистрирате онлајн на нашите веб-страници, кога ги посетувате нашите веб-страници или веб-страниците на наши партнери, како и кога учествувате во промоции или наградни игри. Личните податоци можат да вклучуваат име и презиме, единствен матичен број, број на лична карта, даночен број, телефонски број, адреса, e-mail адреса, како и дополнителни демографски информации.

3. Обработка на лични податоци

Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува. Вашите лични податоци ќе бидат користени за следниве цели:

  • Регистрирање на корисници и продажба на услуги.
  • Подобрување на нашите услуги.
  • Наплата на услуги.
  • Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали.
  • Спроведување истражувања за производите и услугите.

4. Употреба и споделување на податоци

Вашите лични податоци може да се користат за:

  • Испраќање задолжителни известувања, како што се добредојдени писма, опомени за плаќање и известувања за безбедност.
  • Периодични писма и промотивни е-маилови во врска со нови производи и услуги.
  • Обработка на лични податоци од партнери, врз основа на договори за обработка на податоци.
  • Обработка на податоци од надлежни органи врз основа на судски налог.

5. Користење на cookies

Cookies се мали текстуални фајлови кои се ставаат на вашиот компјутер. АЛПЕ ТЕХНА користи cookies за:

  • Овозможување на пријавување на услугите.
  • Персонализирање на вашето онлајн искуство.
  • Обезбедување на рекламен простор за трети компании.

6. Контрола на вашите податоци

Можете да извршите промени на информациите од вашите акаунти и преференциите за директен маркетинг преку пристап до веб-страницата. За бришење на вашиот акаунт, испратете е-маил со вашите податоци и барање за бришење на профилот.

7. Доверливост и безбедност

Пристапот до вашите податоци е ограничен на вработените и трговците кои имаат потреба да дојдат во контакт со тие податоци. Ние преземаме технички и организациски мерки за обезбедување на безбедноста на вашите податоци, вклучувајќи шифрирање на чувствителни податоци.

Контакт информации

Ако имате прашања или коментари во врска со нашата политика на приватност или сакате да го искористите вашето право на заштита на лични податоци, можете да не контактирате на следниов начин:

  • Телефон: +389 (0) 70 315 566
  • Факс: +389 (0) 22 533 527
  • Email: info@alpetehna.mk
  • Адреса: Ул.15 бр.40, Јурумлери, Скопје, Р. Македонија

Со почит,

АЛПЕ ТЕХНА