Рекламации
Рекламации – АЛПЕ ТЕХНА | Брзо и едноставно решавање на проблеми
- Рекламација на производи
- Процедура за рекламација
- Рок за рекламација
- Трошоци за достава
- Напомена
Рекламација на производи
АЛПЕ ТЕХНА ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата преку ПРО/ФАКТУРА, или преку ОТКУП при достава на производите. Правото може секој да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.
Писменото барање, заедно со трансакциска сметка на купувачот или компанијата треба да се достават на следната е-маил адреса: [email protected]. Повратот на средства ќе биде извршен во период од 5 до 7 работни дена по достава на целосно писмено барање.
Процедура за рекламација
Производот кој што е нарачан онлајн и е доставен од страна на курирската служба, потребно е да го проверите веднаш по приемот. Доколнaко истиот има видливи оштетувања, како искинати делови или нагмечувања, веднаш пријавете до контакт центарот АЛПЕ ТЕХНА на е-маил [email protected] или на еден од телефонските броеви наведени на нашиот сајт.
Со цел да се процесира рекламацијата потребно е да ни испратите е-маил со следните информации:
- Број на нарачка
- Шифра на производот што сакате да го рекламирате
- Опис на проблемот што го имате и слика од оштетениот производ
Рекламацијата без потребните информации се смета за некомплетна.
Рок за рекламација
Пријавувањето на производ кој што е оштетен потребно е да го направите во рок од 24 часа од приемот на пратката. Производот треба да биде спакуван во неговото оригинално пакување со етикета, декларација, кутија, фактура и не треба да биде употребуван.
По приемот на барањето за рекламација, агентите од корисничка поддршка на АЛПЕ ТЕХНА ја известуваат курирската служба да го подигне производот од вашата адреса и да го врати во магацин. Откако производот ќе биде вратен во магацин, ќе се утврди дали станува збор за физичко или механичко оштетување, а потоа се испраќа соодветна замена или се рефундираат платените средства.
Трошоци за достава
Во случај производот кој што сте го добиле е погрешен или оштетен, трошоците за превземање и враќање на производот во магацин ги превзема АЛПЕ ТЕХНА.
Напомена
Со потврдување на нарачката, со кликнување на копчето ПОТВРДИ НАРАЧКА, се согласувате со условите на гаранција, рекламација, политика за поврат на средства итн.
БРЗА КОНТАКТ ФОРМА ЗА РЕКЛАМАЦИИ, РЕФУНДАЦИИ, ЗАМЕНИ ИТН: