Услови за користење

Услови за користење

ПОЛИТИКИ И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ


ALPE TEHNA - АЛПЕ ТЕХНА ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

ALPE TEHNA - АЛПЕ ТЕХНА ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ALPE TEHNA - АЛПЕ ТЕХНА не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.


ALPE TEHNA - АЛПЕ ТЕХНА ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ALPE TEHNA - АЛПЕ ТЕХНА за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.


ALPE TEHNA - АЛПЕ ТЕХНА ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.


Политики за користење на системот за електронска трговија.


Со самиот пристап на интернет страницата на ALPE TEHNA - АЛПЕ ТЕХНА и при нарачка на производите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.


1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ


Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Карго Експрес на адресата која е наведена во порачката.


Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.


Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.


Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.


За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.